Македонија
8. November 2024 - 12:34

Реформската агенда на владата пред пратениците

Реформската агенда на Владата  која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието

На седницата обраќања пред пратениците ќе имаат Претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција.

Седницата е закажана за рано попладнево, наша екипа ќе биде таму, детали ќе имаме во слендото информативно издание.