Македонија
17. August 2024 - 17:07

Реформи во правосудството со партиски пресметки

Пресудите за корупираниот судија Наќе Ѓеоргиев и потпретседателот на СОветот на обвинители Иџет Мемети, како и бегствотот на Рамадани ги спротивставија власта и опозицијата за тоа која е причината за лошата состојба во правосудството, но и какви реформи се потребни.

За владејачкото мнозинство се уште е силна спрегата меѓу поранешната власт на ДУИ и СДСМ со судството. ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од сдујата што го ставил Рамадани само во куќен притвор.

- Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија. Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека за нив клучна реформа во правосдуствотот би била распуштање на Судскиот совет и Советот на обивнители. Иако  коалициската Вреди не се изјаснува за ваквиот предлог, сепак, велат дека како владејќката коалиција ќе направат се за судството да биде независно и да носи правни и праведни одлуки. И тие сметаат дека корупцијата во овој ресор е поради поранешната власт.

Лидерот на опозициската СДСМ пак, во предлозите на власта за реформа во правосудствотот гледа обид за негова допартизација. Филипче е против распуштање на Судскиот и обвинителскиот совет, коментирајќи дека за вакавата идеја против била и межуанродната заедница уште пред неколку години.

„Ставот на СДСМ е дека каква било реформа во правосудството мора да биде мониторирана и одобрена од меѓународната заедница. Апсолутно не веруваме, а на тоа нè учи историјата, дека ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да го реформира судството, напротив, сакаат да го скројат согласно своите потреби“, вели Филипче во интервју за Фокус. 

И Левица обвинува пак за спрега меѓу судската и извршаната власт, посочувајќи го како пример случајот со пребеганиот Рамадани. 

„За жал, наместо државен апарат кој ќе го заштити јавниот интерес, продолжува да функционира државниот апарат кој ги штити само интересите на криминалните моќници блиски на владејачката елита! Македонија останува држава во која се оди во затвор за украдени ќебапи, а на слобода - за тероризам. Одговорноста за бегството на осомничен за тероризам мора да сносат и извршната, и судската власт!“, коментираат од партијата на Апасиев.

Судскиот совет вчера ја прекина судската функција на Ѓеорѓиев во Врховниот суд, посочувајќи дека казната е мала, но и дека ова е прв чекор да се подобрат состојбите во судството. Мемети пак, по спогодбата со обвинителството има поднесено оставка во Собранието која чека да му биде констатирана. За судијата Пајазити пак, Судскиот совет формираше посебна Комисија за неговата работа како судија.