-->
-->
Реформи во МВР: Зголемување на внатрешната и надворешната контола во работата на полицајците
-->

Надзорот врз работата на полициските службеници е една од основите во овие измени и како, што велат од МВР, станува збор за проект, на кој се работеше заедно со Советот на Европа и Народниот правобранител.
За реформи на работата на полицијата предвидени се и измени на законите за јавно обвинителство, за народен правобранител.
Покрај внатрешната контрола, која ќе се зајакнува во однос на нивото на професионално и законско работење, предвидена е и надворешна контрола на МВР.
Ќе се формира полициски омбудсман, кој ќе има посебна канцеларија кај Народниот правобранител. Предвидено е и формирање на Совет, составен од невладини организации, кои ќе ротираат и исто така ќе бидат вклучени во надзорот на работењето на полицијата.
Истовремено, како што информираа од МВР во Јавното обвинителство за организиран криминал ќе се формира посебно одделение, кое ќе ја следи исклучиво работата на полицијата. Одделението ќе работи по пријавите, кои ќе се однесуваат на незаконското работење на полицијата, а ќе има и посебен тим иследници за оваа проблематика.
Во измените на Законот за полиција се предвидува ревидирање на одредбата на членот 81, со која се уредени конкретни аспекти во рамки на употребата на средствата за присила од страна на полициските службеници.
Според извори од МВР зголемените рации на полицијата изминатиот период во кафулињата е дел од редовните мерки за заштита на јавниот ред и мир, при што направени се анализи и евидентираните грешки во однесување на полициските службеници се коригирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“