-->
-->
Реал запрен на „Местаља“
-->
Фудбалерите на Валенсија и Реал одиграа 2:2 (1:1) во претпоследниот натпревар од 18.коло во шпанската Примера.
Мадридски Реал на „Местаља“ два пати имаше предност, но не успеа да забележи победа и да ја намели предноста на табелата која ја има лидерот Атлетико.
Првиот гол на мечот го постигна Бензема, кој ја круниса брилијантната акција на Бејл и Роналдо. Валеснија израмни на истекот на времето во првиот дел, со голот на Парехо од пенал.
Реал во второто полувреме, во 68.минута, остана со играч помалку откако Ковачиќ оби црвен картон поради бруталниот старт врз Кансело.
И со играч помалку, Реал, постигна гол и тоа преку Бејл, кој добро реагираше по нафрлувањето на Крос. Предноста на ‘кралскиот клуб’ траеше една минута кога Пако Алкасер го постави конечниот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето