-->
-->
Реал и Волфсбург пред пласман во 1/4 финалето во ЛШ
-->
Екипите на Реал Мадри и Волфсбург со една нога се во чевртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
Двата тима славеа победа на гостински терен против Рома и Гент во првите меѓусебни дуели од осминафиналната рунда.
На „Олимпики’’ во Рим, екпата на Реал Мадрид со 2:0 ја победи Рома со головите на Кристијано Роналдо (57-минута) и Хесе (86).
На вториот синоќешен дуел екипата на Волфсбург славеше победа на гостувањето кај Гент со 3:2. Два гола за германците постигна Јулијан Дракслер (44 и 54-минута), а во листата на стрелци се запиша и Макс Крусе (60). Надеж дека можеби Гент ќе може да направи изнанадување во ревашот натпреварот донесоа головите на Свен Кумс (80) и Калифа Кулибали (89).
Во првите осминафинални натпревари одиграни во вторникот ПСЖ го совлада Челзи со 2:1, а Порто со 1:0 беше подобар од Зенит.
Овие четири пара, реванш натпреварите ќе ги играат на 8 и 9 март.
Следниот вторик и среда, своите први осминафинални пресметки ќе ги имаат: Арсенал – Барселона, Јувентус - Баерн Минхен (23 февруари), ПСВ - Атлетико Мадрид и Динамо Киев - Манчестер Сити (24 февруари).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД