Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ наведуваат дека додека беа на власт не реновираа ниту метар од железничката пруга, не набавија ни половина вагон, не реновираа ни еден перон на железничките станици во Македонија.
- Ете овие железнички експерти од СДСМ денес имаат образ да зборуваат за инвестициите во железничката инфраструктура во Македонија, наведуваат во реакцијата.
Додаваат дека денес во Македонија не само што се набавуваат нови железнички композиции, туку се реновираат десетина железнички станици, се реновира железничката станица во Скопје, се реконструира постоечката железничка инфраструктура и се работи забрзано на реализација на она што СДСМ го ветуваше, а не го оствари, железничко поврзување со Бугарија.
Во реакцијата посочуваат дека граѓаните ги гледаат десетиците фабрики низ цела Македонија и илјадниците нови работни места, новите возови, автобуси, реконструирани и изградени училишта, болници, градинки и стотици други проекти реализирани од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. - Но, граѓаните, како што додаваат, исто така ги гледаат и празните ливади во Струмица кои Заев ги нарекува индустриски зони. Тоа доволно говори за (не)успешноста на општина Струмица и (не)способноста на нивниот партиски лидер.
Според ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ Струмица е успешна, бидејќи не успеа да ги направи 3-те индустриски области, бидејќи не успеа да ги отвори 300-те ветени, а нереализирани производствени погони, бидејќи не успеа да обезбеди 3000 нови работни места. - Тоа е истата општина во која нема ден граѓаните да не се жалат на комунални проблеми, инфраструктурен хаос и депонии, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура