Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Иванов за целосно поништување на помилувањата
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, соопшти партијата.
- Изминативе 10 дена стана очигледно дека ниту Зоран Заев, ниту сопругот на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, ниту останатите обвинети во случајот „Пуч“ имаат намера лично да побараат повлекување на аболициите. Со одлуката на Претседателот Иванов и овие лица, со исклучок на Зоран Заев, ќе одговараат пред законот исто како и сите други граѓани. Со неа, до крај ќе излезе на виделина и целата конструкција на Зоран Заев против партиските членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека биле прва партија која јавно излегла со став дека одлуката за аболиција не е во согласност со нивните политики.
- Сега СДСМ останува единствена партија која е водена од лице аболирано за криминал тежок 8 милиони евра, а Зоран Заев останува единствениот политичар кој благодарение на неговиот преходник во партијата, Бранко Црвенковски е изземен од кривичен прогон, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. вг/20:13
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата