Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев за кандидатските листи
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на пишаната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев за кандидатските листи на Коалицијата „За подобра Македонија“.
- Голем е стравот кај Заев откако сфати дека после 11-ти декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за се што и направи на Република Македонија. Нема веќе криење за Заев од директно соочување со Никола Груевски, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ во изминатиот период правела се за да не се појави на избори и да ја држи земјата во состојба на агонија и криза.
- Доаѓа денот кога граѓаните ќе си дојдат по своето и ќе им кажат не, на деструктивните и антимакедонски политики на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција.
Ново на Сител
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните