Реакција на МИОА на иницијативата на Кирацовски
Министерството за информатичко општество и администрација преку соопштение реагираше на изјавата на дополнителниот заменик-министер Александар Кирацовски кој најави дека поднел иницијатива да се одложи оценувањето на администрацијата до крајот на 2017 година.
- Престанок на работен однос како резултат на оценување беше за прв пат воведено во македонската државна служба на 14 септември 2005 година, односно со Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 81/2005. Оттогаш до сега имало многу изборни циклуси, но никој никогаш од оценувањето не правел политичка драма. Колку за илустрација на основаноста на партиско-политичкиот аспект на оценувањето, еве го исходот од пилот оценувањето во претходната година. Просечната оцена на службениците била 4,37, а само 0.000089%, односно само еден вработен е оценет со најниската оценка, која претставува основ за престанок на работниот однос, наведува МИОА во соопштението.
Оттаму го повикуваат дополнителниот заменик-министер да се оттргне од партиските стеги и да даде вистински придонес во создавањето на подобра, попрофесионална и поефикасна администрација.
- Очекувано е дека на човек без никаква визија и идеи во однос на реформата на администрацијата, најлесно му е да прави политички проблем, да критикува и да предлага укинување на законско решение кое како светски и европски тренд во модерното управување со човечките ресурси, е воспоставено со поддршка на Европската Комисија и со учество на експертска и стручна јавност, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Костадинов: Водата во Струмица е исправна - се чека потврда од ИЈЗ
-
Пациентите со рак на дојка бараат лекови на позитивната листа, подобрување на скринингот и нови протоколи
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков