Реакции на ОН, САД и на Ројтерс по пресудата за новинарите на Ројтерс во Мјанмар
ОН повикаa за ослободување на двајца новинари на агенцијата Ројтерс осудени во Мјанмар на седум години затвор под обвинение за кршење на законот за државна тајна.
- Ние продолжуваме да повикуваме на нивно ослободување, рече Кнут Осбај, претставник на ОН во Мјанмар.
Американскиот амбасадор во таа држава, Скот Марсил ги оквалификува казните на двајцата новинари како „тажен факт за осудените и за сите во Мјанмар кои работат напорно за промовирање на основните слободи, вклучувајќи ја и слободата на медиумите“.
Во соопштение, агенцијата Ројтерс ја осуди пресудата и рече дека обвинувањата против двајцата новинари биле целосно фабрикувани.
- Тие двајца извонредни новинари поминаа девет месеци во затвор поради целосно фабрикувани обвиненија кои имаа за цел да ги замолчат и да им се заканат на медиумите, се вели во соопштението.
И главниот уредник Стивен Адлер ја оквалификува пресудата како „тажен ден за Мјанмар, за осудените новинари и медиумите низ целиот свет".
Тој рече дека пресудата за новинарите е голема пречка во преодот кон демократија во Мјанмар, и тоа нема никаква врска со владеењето на правото или слободата на говорот. Главниот уредник додаде дека во деновите што следуваат, агенцијата ќе одлучи како да дејствува против неправдата што е извршена врз двајцата новинари.
Ново на Сител
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели
-
Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене
-
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп
-
Излетало возило од патот Охрид – село Подмољје