Раул Кастро се повлекува од политиката и од врвот на Комунистичката партија на Куба
Раул Кастро денеска соопшти дека се повлекува од политиката и од функцијата генерален секретар на Комунистичката партија на Куба, наведувајќи дека раководството на партијата ќе го предаде на помладата генерација, која, како што истакна, е „полна со страст и антиимперијалистички дух“.
Во својот говор на отворањето на четиридневниот конгрес, кој се одржува зад затворени врати, а чии извадоци беа објавени на телевизија, Кастро рече дека со задоволство го предава раководството на партијата на група соборци кои имаат повеќедецениско партиско искуство.
Тој истакна дека се повлекува со чувство дека „ја исполнил својата мисија и е уверен во иднината на татковината“.
Повлекувањето на Раул Кастро (89) претставува крај на шестдецениската ера во која Куба ја водеа тој или неговиот брат Фидел, а која почна во 1959 година.
Ново на Сител
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО
-
Кривичниот суд ги одби приговорите: На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката
-
Словачкиот премиер Фицо на прво официјално патување надвор од Братислава по обидот за атентат
-
Нова промена на цените на горивата
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско