Раст од три проценти на македонската економија во третиот квартал
Стапката на раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува три проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од годинава, најголем пораст од 11 проценти е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а 2,6 проценти е порастот во секторите: Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности, како и Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.
Пад од 4,5 проценти има во сектрите: Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, од 1,8 проценти во Финансиски дејности и дејности на осигурување, од 1,5 проценти во Градежништво, од 0,7 проценти Информации и комуникации.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 4,8 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 64,8 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 15,2 проценти, покажуваат податоците на ДЗС.
Стапката на раст на БДП во вториот квартал годинава изнесуваше 13,1 процент, а во првиот квартал минус 1,9 проценти.
Ново на Сител
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи