Раст од 92.8 отсто на заболени од акутни заразни заболувања во декември во однос на ноември
Во текот на месец декември, до Институтот за јавно здравје, пристигнати се вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 88.4 на 100.000 жители. Вкупниот број пријавени лица во месец декември е за 92.8 проценти зголемен во однос на претходниот месец, ноември. Во однос на месец декември 2023 година, се регистрира зголемување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 4.6 проценти, а во однос на аритметичката средина за десетгодишниот период, се регистрира зголемување од 8.0 отсто.
Како што информираат од Институтот, во декември, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 1.025 пријавени лица.
Од групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, регистрирани се 22 заболени лица. Пријавени се седум случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатит Б, пет на вирусен хепатит Ц и четири на инфекција со хламидија.
Евидентирани се и четири случаи на голема кашлица и два на заразни заушки.
Првиот случај на заразни заушки е на возраст од осум години од Ресен, невакциниран. Вториот случај е дете на возраст од 10 години од Гевгелија, комплетно вакцинирано. Во двата случаи дијагнозата е клинички потврдена.
Во декември, пријавени се два случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40 до 49 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември, 2024 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години.
Шест случаи на Ковид-19 се евидентирани во последниот месец од 2024 година.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа