Раст од 7,5 проценти на извозот во јануари и февраури
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите два масеца од годинава изнесува 39.078.145.000 денари и бележи пораст од 7,5 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вредноста на увезената стока во периодот јануари-февруари годинава е 51.173.788.000 денари, што е за 7,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Трговскиот дефицит во периодот јануари-февруари годинава изнесува 12.095.643.000 денари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,4 проценти.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во првите два месеца од годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Ново на Сител
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот