Раст на продажбата на „Др. Mартинс“, се враќа модата од 90-тите
Иконата на британската мода „Др. Mартинс“ оваа година бележи 20 отсто поголема продажба, поточно 348,6 милијарди фунти, што на компанијата ѝ донесе 33 отсто повеќе приходи (50 милиони фунти) во споредба со истиот период минатата година.
Според британските портали, по големата криза и борба за опстанок, компанијата сега бележи подобри деловни резултати, а причините лежат во големото влијание на влијателните личности и социјалните мрежи врз изборот на производи, но исто така и на зголемената популарност на овој бренд меѓу младите луѓе.
Компанијата соопшти дека најголема побарувачка е забележана во Европа, но и од нивната интернет-продавница, која им носи 40 отсто од приходите. Тие, исто така, велат дека речиси половина од нивните приходи се од продажбата на нивните најпопуларни модели, како што се „1460 чизми“ и „1461 чевли“.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива