Раст на продажбата на автомобили во Германија
Продажбата на нови возила во Германија два месеци по ред бележи зголемување и покрај скандалот со користењето на незаконски софтвер за прикривање на нивото на загадување во автомобилите на најголемиот германски автопроизводител „Фолксваген“, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според германската Асоцијација на производители на автомобили (ВДА), минатиот месец во Германија биле регистрирани 214.400 нови возила, што претставѕва раст на продажбата на годишно ниво за три отсто.
Ваквиот раст е помал во споредба на декември 2015 година, кога продажбата на нови возила беше зголемена за осум проценти споредено со истиот месец претходната година.
Во исто време, производството на возила во Германија се намалило за два отсто, додека извозот на нови возила забележал пад од шест проценти.
Германија со околу три милиони нови возила годишно е рекордер по продажбата во Европа. Во земјата во моментов се возат околу 63 милиони возила, од кои околу 45 милиони се патнички.
Ново на Сител
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги