Расправијата заврши со смрт за скопјанец - полицијата го расчистува случајот
Денеска околу 08.30 часот било пријавено дека во кругот на поранешен „Земјоделско индустриско комбинат-Скопско поле“, лоциран на локалниот пат за село Арачиново, настанала расправија помеѓу Р.С.(51), Д.С.(23) Ј.С.(24) од една страна и Н.С.(46) и Н.С.(52) од друга страна.
Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир биле нерасчистени имотно-правни односи помеѓу браќата Р.С. Н.С. и Н.С. По пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот, го затекнале Н.С.(52) во бесознание, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош, меѓутоа од страна на лекар била констатирана смрт. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција. Останатите учесници се приведени во ПС Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице