-->
-->
Рашковски побара да му се врати пасошот
-->
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, побара да му се врати пасошот, што му беше одземен како мерка за да се спречи тој да замине од државата. Тој пред судијката Михаиловска даде исказ дека бара да се укинат мерките за негово присуство.
Рашковски остана без пасош откако првично беше пуштен од притвор, а потоа и од домашен притвор. Одлуката ја донесе Апелацискиот суд во Скопје, кога на Рашковски исто така му беше наредено секој понеделник да се пријавува во судот, а пасошот му се одзема до пресудата со која се товари за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Неговото барање доаѓа во пресрет на сезоната на летни одмори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица