Расчистен инцидентот во кој градоначалникот на Јегуновце нападнал управител на приватна фирма
Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до Основниот суд Тетово поднесе барање за поведување прекршочна постапка за 44-годишниот Д.К. од тетовско Туденце, актуелен градоначалник на Oпштина Јегуновце, информираа денеска од МВР.
– Според пријавеното, тој на 5 јануари годинава околу 11 часот и 30 минути, во Архивата на општинскиот објект, најпрво вербално се расправал со М.М.(69) од Скопје, управител на приватна фирма, му ги зел, му ги стуткал и фрлил документите на една од масите и го истуркал од просторијата. М.М. претходно бил повикан од службено лице на општината да достави фактури за претходно извршени услуги за општината, односно поради нерасчистени должничко-доверителни односи, се наведува во соопштението од МВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до Основниот суд Тетово поднесе, исто така, барање за поведување прекршочна постапка и за М.М.(69) од Скопје кој, според пријавеното, го навредувал и му се заканувал на Д.К(44), откако тој му ги стуткал и фрлил документите и го истуркал од општинската Архива.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот