Раниери: Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот
Искусниот 73-годишен тренер на Рома, Клаудио Раниери, по неделното реми 1-1 против Јувентус, повтори дека ќе се пензионира на крајот на сезоната, но овојпат засекогаш, објавија денеска италијанските медиуми.
Раниери ја почна својата тренерска кариера во 1986 година во нисколигашот Вигор Ламеција, а потоа стекна репутација во Каљари (1988-1991), предводејќи го клубот од третолигаш до Серија А.
Тренер на бројни великани, меѓу кои Рома, Наполи, Јувентус, Интер, Атлетико Мадрид и Челзи, италијанскиот стратег „докторираше“ на клупата на Лестер (2015-2017), предводејќи го англискиот клуб до единствената титула во Премиер лигата во славната сезона 2015/2016.
„Кога минатата година ја завршив работата во Каљари, бев сигурен дека засекогаш се повлекувам. Дојдоа понуди, но јас ги одбив. Знаев дека единствениот начин да се вратам е ако дојде повик од Каљари или Рома. По заминувањето на Де Роси, верував дека можам да здивнам бидејќи кормилото го презеде Иван Јуриќ. Се надевав дека повикот нема да дојде бидејќи во спротивно тоа би значело дека Рома е во неволја. Морав да одговорам на повикот на Рома, но им кажав дека по крајот на сезоната се повлекувам, но сега тоа значи засекогаш. Како и да заврши ова мое последно патување, јас се држам до тоа. Патував низ светот 35 години поради фудбалот, но никогаш немав време да го видам. Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот, мислам дека тоа е фер. Биг Бен отчукува и ми вели дека времето истече“, изјави Раниери.
Ново на Сител
-
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје
-
Калас и неколку европски МНР во посета на Украина
-
Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата
-
Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
-
Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации
-
Си и Путин објавија заедничка изјава во која ги нападнаа САД
-
Трамп именува водителка на Фокс Њуз за привремена главна обвинителка на Вашингтон
-
Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува