-->
-->
Рамзан Кадиров регистриран за претседателски кандидат за изборите во Чеченија
-->
Вршителот на должноста претседател на Чеченија, руската република во северен Кавказ,Рамзан Кадиров, на Инстаграм напиша дека Изборната комисија на Чеченија го регистрирала како кандидат за претседателските избори, јави ТАСС.
- Пред нас се многу задачи. Јас сум сигурен дека нашиот тим ќе ја оправда дадената доверба и ќе продолжи да го следи она што го започна Ахмад Хаџи Кадиров, првиот претседател на Чеченија и херојот на Русија, напиша Кадиров на социјалната мрежа.
Руската агенција наведува дека изборите за претседател на Чеченија ќе се одржат на 18 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме