Рама и порача на опозицијата дека со или без неа избори во јуни ќе има
Албанскиот премиер Еди Рама од градот Либражд порача дека локалните избори во јуни ќе се одржат, со или без опозицијата.
На средба со граѓаните, во рамки на владиниот проект „За општина каква посакуваме“, Рама истакна дека обврска на владејачкото мнозинство е да не го спречува некого да учествува на изборите, но не и со сила да го принуди да учествува во изборната трка.
Но, според него, доколку опозицијата учествува на изборите ја очекува изборен дебакл, но и ако бојкотира, премиерот рече дека ќе ги преземат сите општини и ќе владеат многу подобро.
– Велат дека не учествуваат на изборите. Не учествувајте. Ние на избори ќе бидеме со оние кои ќе учествуваат, но и да не учествува никој друг, живееме во демократија. Важно е да не се спречи некој да учествува на изборите, но не со сила да ги тераш луѓето на избори. Се обидовме еднаш, го зедовме на сила Лули (Љуљзим Баша), му дадовме се што посака, ни вети дека доколку изгуби на избрите ќе биде мирен и нема да излезе да ја направи Албанија партал во ушите и очите на странците, но не го одржа зборот, нагласи Рама.
Тој ја обвини опозицијата дека не посакува убави нешта, туку „само проблеми, јајца и боја“, посебно, како што рече црна боја, алудирајќи на црната боја со која приврзаниците на опозицијата ја обоија зградата на МВР во Тирана.
Пред влезот во Либражд, група граѓани и симпатизери на опозициската Демократска партија се обидоа да го блокираат влезот на придружбата на Рама во градот, но по интервенција на полицијата тие се разотидоа. Приведени се пет лица.
Ново на Сител
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција