Рама ги омаловажи косовските функционери
Албанскиот премиер Еди Рама ги критикуваше косовските лидери за обидите за укинување на Специјалниот суд.
Иронизирајќи,во неговиот препознатлив стил, Рама рече дека политичарите во Косово се „како кравите кои даваат многу млеко, но клоцаат и го истураат“.
Тој додаде дека Косово не треба да создава други проблеми кои ја парализираат државата,туку да се фокусираат во решавање на проблемите со Србија,преку дијалог.
- Создавањето еден таков проблем е идентично со она кога кравата ја полни кофата со сопствено млеко, а потоа ја клоцнува кофата и повеќе не знае што доаѓа по неа, изјави Рама.
Тоа се однесува за обидот на косовскиот државен врв, претседателот Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и спикерот на парламентот Кадри Весели да го укинат Специјалниот суд за воени злосторства
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ