Рама: Домаќинствата плаќаат 20 отсто од цената на енергијата, 80 отсто плаќа државата
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека во сметката за потрошена енергија домаќинствата плаќаат 20 отсто од реалната цена, а 80 отсто се плаќаат од државниот буџет.
Ова, оценува тој, придонесе инфлацијата да се држи под контрола, за разлика од другите земји околу Албанија.
Според него, Албанија има најниско ниво на инфлација од сите земји во регионот, во однос на цените на прехранбените производи.
Имаме најниско ниво на инфлација од сите земји во регионот, без разлика дали се дел од ЕУ или не. Зголемувањето на цените на прехранбените производи во Албанија е речиси половина од поскапувањето што е верификувано во сите земји од регионот како Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и така натаму, рече Рама на средба со земјоделци во Корча.
Тој нагласи дека „тоа се факти поврзани со зајакнувањето на секторот и политиката на албанската Влада да не се оптоварува семејниот потрошувач и малиот бизнис со новото оптоварување на цената на енергијата со задржување на цената онаму каде што беше пред почетокот на кризата и финансирање на остатокот од буџетот”.
Домаќинствата плаќаат цена од 9,5 лека (0,07 евра) по киловатчас електрична енергија и не е сменета и покрај енергетската криза.
Што се однесува до инфлацијата таа е на ниво од 8 отсто, што е највисока по 1998 година, но е најниска во регионот.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер