Рама: Ако Бугарија продолжи со ветото, Албанија ќе бара одвојување од Северна Македонија на патот кон ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама, на денешната предновогодишна средба со новинарите, рече дека процесот на европска интеграција е јасен и оти „Албанија е во апсурдна фаза на блокирање поради ветото наметнато од Бугарија врз Северна Македонија“.
Тој додаде дека Тирана нема намера до недоглед да зависи од волјата на Софија и најави дека ќе бара одвојување на Албанија од Северна Македонија на патот кон ЕУ, ако на крајот на француското претседателство, односно по првите шест месеци од следната година, Бугарија остане на ветото.
„Доколку Бугарија продолжи да става вето, отворено ќе побараме одвојување од Северна Македонија. Во меѓувреме, она што е важно е дека нашите бодови во оценките во однос на овој процес се зголемуваат и две важни компоненти во зголемувањето на бодовите се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем“, рече Рама.
Тој посочи дека Специјалното јавно обвинителство (СПАК) го положи испитот, покажувајќи дека не е политички обвинител ниту на левицата ниту на десницата, туку е специјално обвинителство за борба против криминалот во Албанија.
Рама нагласи дека заедничките операции се подигнати на ново ниво, каде што СПАК има посебна улога.
„Сакам да ги охрабрам обвинителите на СПАК да не гледаат ниту лево ниту десно. Кога ја почнавме реформата во правосудството, многу луѓе во нас не веруваа дека ќе успееме“, оцени албанскиот премиер.
Тој уште еднаш посочи дека никој што има проблеми со правдата не може да се крие зад логото на неговата, владејачка, Социјалистичката партија.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп