-->
-->
Ракометарките на Норвешка ги обединија трите титули
-->
Репрезентацијата на Норвешка е носител на златниот медал на Светското првенство за ракометарки што се одржа во Данска.
Норвежанките во финалето на 22-то Светко првенство кое се одржа во Данска, ја убедливо победија Холандија со 31-23, окако целата работа ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со 20-9.
За Норвешка ова е трето злато на Мундијалите, откако првите две ги освоија 1999 и 2011 година. Воедно ракометарките од оваа земја ги обединија трите најсјајни одличја од големите натпреварувања. По олимпиското злато од Лондон 2012 и европското од минатата година од Будимпешта, сега го придодадоа и златото од Светското првенство.
Во „малото финал’’ ракометарките на Романија со 31-22 ја победија Полска и на крајот шампионатот го завршуваат како трето рангирани. Романската ракометарка, Кристина Неагу со 61 постигнат гол е најефикасната ракометарка на првенството.
Русија e петта по победата над домаќинот Данска со 25-21, додека Франција заврши на 7.место откако убедливо ја победи Црна Гора со 34-23.
Шампионот Норвешка директно обезбеди пласман на Летните олимписки игри во Рио 2016 година, за кои преку дополнителни квалификации ќе се борат: Романија, Полска, Русија, Данска, Франција и Црна Гора.
Следното Светскот првенство во 2017 година ќе се одржи во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик