Радован Караџиќ: Злосторството во Сребреница е извршено од предавник на српскиот народ
Злосторството во Сребреница не требаше да се случи и кој и да го направил, е предавник на српскиот народ и со тоа најмногу наштети на српските интереси, изјави босанскиот српски водач од времето на војната во БиХ, Радован Караџиќ во интервју за белградскиот весник „Неделник“.
- Такво нешто никогаш немало во нашата историја и не требаше ниту тогаш да се случи. Тоа беше сосема идиотски и глупаво, да извршиш злосторство што можеше да се избегне, и тоа на крајот на војната, која ја добивавме. За нас тоа беше целосно неочекувано и неверојатно. Бидејќи беше извршено од некој лудак, рече Караџиќ.
Хашкиот трибунал го осуди Караџиќ на 40 години затвор поради геноцидот во Сребреница и за злосторства против човештвото над муслиманите и Хрватите.
Караџиќ изјави дека главните виновници за војната биле „надвор Босна и Југославија".
- Иако меѓуетничките односи не беа идеални, се разбиравме добро со муслиманските и хрватските партии. Јас имав многу добри односи со господин Алија Изетбеговиќ, претседателот на Босна и Херцеговина во тоа време, рече Караџиќ.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа