Радев: Со историјата нема компромиси
Компромиси со историјата и јазикот не можат да се прават, порача бугарскиот претседател Румен Радев. Додека во Скопје историчарите бараат решение за отворените прашања, шефот на бугарската држава со порака – историчарите ќе ја најдат вистината, но до неа ќе се дојде без правење отстапки. “Членовите на бугарската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и ја бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ. Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се прават со историја, идентитет и јазик, или со барање за националните малцинства”, нагласи Радев.
Осврнувајќи се на денешната средба, премиерот Заев вели надеж има. Ги оцени вчерашните разговори како позитивни, споделувајќи оптимизам дека историчарите ќе дојдат до решение.
По завршувањето на денешниот состанок, за попладне во Клубот на пратеници е предвидена заедничка изјава за медиумите на двајцата претседатели на Комисијата, по што ќе се знае дали е постигнат напредок по отворените прашања.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024