Радев и Петков денеска излегуваат од изолација
Премиерот и претседателот на Бугарија од денеска можат да излезат од карантинот воведен од Регионалниот инспекторат на Софија.
Изолацијата на Кирил Петков и Румен Радев може да се укине доколку и двајцата дадат негативен резултат од ПЦР тестот, а бидејќи и двајцата имаат бустер доза од вакцината против Ковид-19, тие можат да бидат ослободени од обврската за понатамошен карантин.
Правилото е дел од новата уредба на Министерството за здравство на Бугарија за рокот на карантин и изолација.
Петков и Радев прво се самоизолираа, а потоа беа и официјално ставени во карантин, откако на Советодавниот совет за национална безбедност во понеделникот биле во контакт со претседателот на Народното собрание Никола Минчев, за кој се покажа дека е заразен со коромавирус.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце