Радев денеска го врачува мандатот на „Има таков народ“ за формирање влада
Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека мандатот за формирање влада ќе го предаде на политичката партија „Има таков народ“ денеска во 17.00 часот по локално време.
Радев изјави дека им дал време на бугарските парламентарни партии, но може да се види дека конструктивниот дијалог се распаѓа, јави дописникот на МИА од Софија. Наместо дијалог во оваа ситуација, постои размена на напади кон техничките министри, кои до неодамна беа поканети да останат во редовната влада.
Според претседателот Радев, Бугарија се соочува со предизвици за кои е потребено што побрзо да има редовна влада и време е бугарските граѓани да знаат кој е кандидатот за премиер и кои се вистинските намери на победникот од изборите од 11 јули, партијата „Има таков народ“.
Ново на Сител
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН
-
Пожар во фурна во неготинско Криволак