-->
-->
Работнички го доби „продолжението“, а Карпош Соколи натпреварот
-->
Кошаркарите на Работнички ја добија последната четвртина од првиот полуфинален натпревар од плеј офот со Карпош Соколи со 16:10, но Карпош Соколи го доби натпреварот со 77:76. Овој дуел вчера беше прекинат по три одиграни четвртини при резултат 67:60 за Карпош Соколи поради фрлање предмети кон гостинската клупа од страна на домашните навивачи.
Најефикасен на дуелот беше Димче Тасовски со 19 поени, додека кај Карпош Соколи Бојан Трајковски реализираше 17 поени.
Вториот натпревар се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“.
Во второто полуфинале МЗТ Скопје го победи Куманово на домашен терен со 71:51 и води со 1-0 во победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани