Македонија
23. September 2015 - 13:00

Работилница за виртуелен западно балкански центар за хидрометеоролошки услуги

Македонија е 23-та држава во светот која во месец август оваа година го изработи, усвои и достави т.н. Национален придонес за климатски промени. Со овој документ го даваме својот придонес кон глобалните напори за намалување на климатските промени и даваме поддршка на целиот процес кој се води од страна на Обединетите нации.

Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на отворањето на работилницата, во рамки на проектот „Градење на виртуелен западно балкански центар за хидрометеоролошки услуги и климатски промени“.

Министерот во своето обраќање нагласи дека климатските промени се прашање на кое Владата на Република Македонија посветува сериозно внимание преку исполнување на обврските на национално, регионално и меѓународно ниво.

Директорот на УХМР Оливер Ромевски појасни дека во виртуелниот центар треба да бидат вмрежени хидрометеролошките сервиси од Западен балкан како и оние сервиси кои се во  рамките на централноевропската иницијатива, на државите, за заедничко вклучување  во превенција од, како што рече, сериозните климатски промени за кој сме се повеќе свесни. 

Според претставникот на Светската хидрометеролошка организација за Европа Милан Дациќ, виртуелното поврзување ќе функционира преку телекомуникаци сиситем преку кој ќе се споделуваат информации од хидрометерологијата кои подоцна ќе се истражуваат и обработуваат од регионални тимови кои ќе работат на таа проблематика

Денешната работилница претставува континуитет на севкупните активности кои ги превзема Македонија во пресрет на Самитот за клима во Париз и во рамките на нашето претседателствување со Централно-европската иницијатива. На работилницата учествуваа претставници од Светската метеоролошка организација, Европската комисија за истражување, Универзитетот од Трст, националниот Институт за океанографија и експериментална геофизика (ОГС) од Трст, ...