Македонија
29. September 2015 - 8:34

Работилница за финансирање големи енергетски проекти

Во организација на ЕЛЕМ денеска во Скопје ќе се одржи работилница за финансирање големи енергетски проекти во рамки на Проектот за енергетско планирање.

Работилницата, која се одржува под покровителство на Меѓународната агенција за атомска енергија, ќе ја отвори вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.