Работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ на Скопскиот филмски фестивал
Во рамки на Скопје филм фестивал денеска работилница за анимиран филм ќе одржи Берин Тузлиќ, уметник од Сараево. Работилницата се состои од три сегменти: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивен дел и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника Фазонатор.
Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови. Неговиот филм „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ е добитник на 33 награди, покрај останатите наградувани филмови „Страшила“, „Бегам и кога не сум крив“, „Фазонатор“ и други. Автор е на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации.
Тузлиќ е претседател за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е на НВО Pixela.ba од Сараево за аудиовизуелни комуникациски вештини. Косoпственик е на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во БиХ, која има свои подружници во три земји.
Ново на Сител
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
-
Путин нареди регрутирање на 133.000 војници
-
Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата