Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле.
Путин се осврна на овие тврдења за време на посетата на воздухопловната база Торжок во Тверската област.
– Тоа е бесмислица, рече рускиот претседател, укажувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.
– Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив, рече Путин.
„Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв, додаде Путин.
Според него, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани „да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи“.
– НАТО се шири кон руските граници, а не обратно, рече Путин, додавајќи дека Русија само „го штити својот народ на неговите историски територии“. – Тие дојдоа точно до нашите граници.
Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија, рече тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање