Путин: Русија нема да учествува во копнена операција во Сирија
Русија нема да учествува во копнена операција во Сирија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американските телевизии Си-Би-Ес и Пи-Би-Ес.
- Русија нема да учествува во никакви воени операции на територијата на Сирија или во други држави, засега не планираме такво нешто, рече Путин.
- Сирискиот проблем може да биде решен само со поддршка на сегашните законски државни структури, со тоа што ќе им пружиме помош во борбата против тероризмот и истовремено да се поттикнат на позитивен дијалог со здравиот дел од опозицијата и кон политички промени, додаде рускиот претседател.
Путин нагласи дека активностите на Русија во Сирија се во насока на задржување на власт на претседателот Башар ал Асад.
Тој истакна дека е длабоко уверен оти ако се дејствува во друга насока, односно во насока на разурнување на легитимните структури на власта, ќе се создаде ситуација, која е веќе видлива во други земји, на пример во Либија.
- Слична ситуација имаме и во Ирак, додаде рускиот претседател, кој им порача на сите оние кои бараат повлекување на Асад, тоа барање да го испратат со сирискиот народ.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран