Свет
28. February 2017 - 14:33

Путин: Русија нема да поддржи санкции против сириската Влада

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија нема да ја поддржи предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за санкции против сириската Влада поради наводна употреба на хемиско оружје.

Советот за безбедност вечерва ќе гласа за резолуција предложена од Франција, Велика Британија и САД за забрана за продажба на хеликоптери на сириските власти и воведување санкции за команданти на сириската војска.

- Сметам дека тоа е целосно несоодветно. Тоа ќе ја поткопа довербата во преговарачкиот процес. Русија нема да поддржи никакви нови санкции против сириското раководство, истакна Путин.