Свет
25. May 2022 - 14:36

Путин потпиша декрет за државјанство за жителите на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет со кој се поедноставува процесот на издавање руско државјанство на жителите на украинските области Херсон и Запорожје, кои се под контрола на руските сили.

Уредбата е во согласност со шемата што постои од 2019 година, а која се однесува на жителите на украинските региони Луганск и Доњецк.