Свет
17. February 2016 - 10:22

Путин испрати јасна порака до Турците: На сириското небо пристигна моќниот Су-35С

 
 
Руската воздушна флота во Сирија е пополнета со нов авион - пристигна моќниот адут на руската авијација, Сухој Су-35С.
Ловецот кој на Запад го нарекуваат „фантастичен и опасен“ пристигна во руската база во Сирија, покажуваат снимките кои ги објави министерството за одбрана на Русија, а ги пренесе "Russia Today".
 
Сухој Су-35С се смета за еден од најопасните авиони на денешницата на кого може да му парира само петтата генерација на американскиот F-22.
 
"Washington Times" по повод пристигнувањето на овој авион во Сирија пренесува дека тоа е еден вид на јасна порака од Путин до Турција дека турските авиони нема што да бараат на сириското небо, посебно во комбинација со најнапредниот против-воздушен систем С-400 кој веќе неколку месеци го чува сириското небо.