Пуштено во употреба хируршкото одделение во гостиварската болница
Во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ денеска беше предадено во употреба реновираното хируршко одделение.
Првиот човек на гостиварската болница во обраќањето истакна дека од отворањето во 1978 година, ова е прва позначајна инвестиција која болницата ја прави од сопствен буџет за што се вложени околу 250 илјади евра.
– Старо-новото одделение со реконструкцијата има зголемен број на кревети од 31 на 36 откако направивме пренамена на некои простории. Сегашните услови се значително подобрени и се на ранг на европско ниво. Со оваа инвестиција, ќе придонесеме престојот на пациентите на ова одделение да биде попријатен, а ќе се пружа и повисоко ниво на здравствена услуга, рече директорот на болницата Јакуп Јакупи.
По реновирањето, одделот на првиот кат од болницата доби нови прозорци, врати, клима уреди, специјален под, просторија за интензивна нега за оперираните пациенти, кабинети и целосно реновирани и современо опремени болнички соби.
На настанот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој упати честитки до вработените за нивниот ангажман во време на пандемија и најави дека од буџетот се обезбедени средства за еднократна награда и нов апарат за магнетна резонанаца.
– Минатата година предадовме во употреба целосно реновирани операциони сали со нова опрема, и најавивме нова опрема за дијагностика. Иако планиравме за годинава да поставиме магнетна резонанца, заради состојбата со ковид, не успеавме. Сепак, сакам да најавам дека „магнетната резонанца“ болницата ќе ја добие наредната година. Сакам да ви честитам и да порачам сите заедно да издржиме. Во ек е најголемата криза и ќе трае некое време, но јас верувам во вашите способности, организациски капацитети и вашата струка затоа што ова населението Гостивар и околината со години наназад добива квалитетна здравствена заштита, рече министерот Филипче.
Честитки за досегашната работа упати и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кој во обраќањето здравствените работници ги нарече херои на денешницата.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами