Пуштени во употреба нови павилјони во Битолскиот регионален пазар
Министерството за локална самоуправа, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и ЈП „Пазари“-Битола денеска го промовираа новиот реконструиран дел и павилјони на Регионалниот пазар во Битола.
Реализацијата на овој проект се изврши со финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој, истакна Билјана Цветановска Гугоска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.
- Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа во рамки на политиките за рамномерен регионален развој издвојува средства за проекти кои овозможуваат квалитетен живот на граѓаните без разлика на местото на живеење. Реконструкцијата на регионалниот Пазар во Битола е од големо значење и е финансиран со околу 6 милиони денари, од нив 4,6 милиони денари се средства на Министерството за локална самоуправа, истакна Цветановска Гугоска.
Во изминатиот период, нагласи, од програмата на Министерството за локална самоуправа инвестирани се околу 14 милиони ерва за 500 проекти на целата територија на државата.
- Во 2016 година, средствата за проекти од програмата за рамномерен регионален развој беа двојно зголемени наспроти 2015 година и тие изнесуваат околу 4 милиони евра, рече Цветановска Гугоска.
Со најновата инвестиција во ЈП „Пазари“-Битола, како што беше посочено на денешната прес-конференција, значително се менува ликот на една од најфреквентните локации во градот, Регионалниот зелен пазар кој се почесто обезбедува институционална поддршка.
- Реконструирана е површина од околу 1.000 метри квадратни со ново плато и нова подземна инфраструктура. На платото сега има шест нови павилјони на кои ќе се постават 90 продажни тезги. Со оваа инвестиција значително се подобрија условите за функционирање на пазарот, како за луѓето што ги пласираат земјоделските производители, така и за граѓаните кои купуваат од овој регионален пазар во Битола, посочи Емилиа Ѓероска, директор на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.
Во наредниот период ЈП „Пазари“-Битола ќе инвестира во реконструкцијата на реонот за продажба на бижутерија и рачно изработени производи.
Ново на Сител
-
Муцунски: Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност
-
Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност
-
Во Собранието одбележување на 11 Јули - Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Годишни извештаи за 2023 на неколку институции пред собраниската Комисија за политички систем
-
При претрес во Ресенско пронајдена дрога, приведен дваесетгодишник | ФОТО
-
Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија
-
Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика
-
ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ оти понудата за заем од Унгарија е под неповолни услови