-->
-->
Пуштени во продажба билетите за ЕП во Полска, Македонија може да се гледа за 3 и 5 евра
-->
Полската фудбалска федерација ги пушти во продажба билетите за Европското првенство 2017 за репрезентации до 21 година преку онлајн платформа.
На шампионатот за прв пат ќе учествува и македонската репрезентација. Македонија првиот натпревар го игра во Гдиња против Шпанија на 17 јуни, три дена подоцна (20 јуни) следи натпреварот против Србија во Бидгошч, а последниот натпревар во групата нашата репрезентација ќе го одигра против Португалија, повторно во Гдиња на 23 јуни.
На следниот линк од денес ќе можат да се купат билети за настапите на македонската репрезентација по популарни цени од 3 и 5 евра:
Цените за билетите на полуфиналните натпревари во Тиши и Краков на 27 јуни се 5 и 7 евра, додека пак финалето во Краков на 30 јуни ќе може да се проследи по цена од 7 и 9 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена