-->
-->
Пуштена новата фонтана на плоштадот „Македонија“
-->
Пуштена е во употреба новата површинска фонтана на плоштадот „Македонија“. Се работи за таканаречена сува фонтана (џампинг џет), лоцирана на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост.
Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.
На плочите од фонтаната поставени се ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник.
Фонтаната ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот