Пуштен во употреба нов детски парк во радовишкото село Злеово
Во радовишкото село Злеово денеска свечено беше пуштен во употреба нов детски забавен парк, во рамки на одбележувањето на 71. годишнина од ослободувањето на градот Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов нагласи дека досега општината има изградено десет детски паркови, во кои се поставени модерни реквизити за забава на децата и клупи.
- Во претходниот период општината и Владата направија неколку инвестиции за село Злеово, овде ќе ги спомнам изградбата на локалниот пат од село Подареш до село Злеово, потоа мостот на селото Злеово кој го спојува со магистралниот пат Радовиш-Струмица, нова училишна зграда и мултифункционално игралиште, рече Николов.
Тој најави дека следната година планирано е од буџетот на Општина Радовиш да се изградат нови улици во горниот дел на селото, изградба на плоштад и фонтана и нови тротоари до училишната зграда.
По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Радовиш вечерва во Центарот за култура „Ацо Караманов“ ќе биде отворена изложба на носии од радовишкиот регион, а во 20 часот ќе се изведе театарската претстава „Радовишки лаф муабети“.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ