-->
-->
Пукање во трговски центар: Наоружени напаѓачи отворија оган
-->
Наоурежени напаѓачи испукаа повеќе куршуми од огнено оружје и го ограбија трговскиот центар Бинго во Мостар. Тие утрово околу 10 часот го нападнале обезбедувањето.
Мостарската полиција соопшти дека е ограбен трговски центар, не изнесувајќи повеќе детали. Се претпоставува дека до пресметка дошло кога крадците го пресретнале обезбедувањето кој го изнесува дневниот промет.
Пред трговскиот центар тогаш се испукани повеќе куршуми од огнено оружје.
За среќа, ранети немало во пукањето. Недолго потоа, како што пренесува Klix.ba, во близина на трговскиот е пронајден запален автомобил, марка Ауди, за кој се претпоставува дека бил користен во текот на грабежот.
Потрагата по напаѓачите е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет