Пукање во Тетово, има мртви и повредени
Едно лице го загуби животот, а две се повредени од огнено оружје во оружен инцидент што се случил изминатата ноќ 45 минути пред полноќ во Мала Речица во Тетово.
Според полициски информации, во инцидентот биле вклучени вкупно пет лица од Тетово, а на самото место пред куќа на улицата „188“ со два куршуми во главата и телото бил погоден и животот го загубил 37 годишен тетовец, додека други две лица на возраст од 34 и 39 години се здобиле со прострелни рани во нозете по што биле префрлени на лекување во скопските клиники.
Осомничени за убиството се две лица на возраст од 30 и 33 години кои се во бегство и по кои полицијата распишала потрага.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на крим техника при што се пронајдени траги, чаури, траги од крв и други материјали коишто ќе се вештачат. Телото на починатиот по наредба на јавниот обвинител е предадено на обдукција.
Од Основното јавно обвинителство во Тетово денеска информираа дека се преземаат мерки за расветлување на причините за инцидентот.
- Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово ги презема сите мерки и дејствија за расветлување на причините што довеле до овој кривично – правен настан. Издадени се низа наредби како за потрага по осомничените лица, така и наредби за прибирање на траги и изнаоѓање на докази за расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање