Македонија
7. August 2018 - 14:37

Пукање во Гостивар, има повредени

Пукање во Гостивар, рането едно лице. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 17:30 часот во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ш. (34) од село Корито, гостиварско, со повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на стомакот. Тој со возило на итна медицинска помош, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.