Прво учество на Македонија на состанок на НАТО како полноправна членка
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на шефови на дипломатии, што ќе биде прво учество на Република Македонија на едно заседание на Алијансата како полноправна земја членка на Северноатлантскиот пакт.
По официјалното зачленување на земјава во НАТО на 27 март 2020 година и по церемониите на подигање на македонското знаме во седиштето и воените команди на НАТО, претстојниот состанок е прв работен настан на министерот Димитров каде активно ќе учествува во дискусијата по приоритетните прашања и активности на Алијансата, се наведува во соопштението.
Најавувајќи годенешниот состанок, кој заради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот ќе се одржи преку видеоконференција, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, вчера најави дека на собирот „ќе и биде посакно добредојде на Македонија како триесетта земја членка“.
– Дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред, изјави Столтенберг.
Според најавите, министрите на заседанието во најголем дел ќе се фокусираат на координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот и ќе бидат претставени мерките што НАТО и нејзините членки ќе ги преземат за време на кризата
– Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благдариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, рече Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО најави дека Македонија, како најнова членка, исто така го користи системот за одговор на кризи на Алијансата за да се координира на владино ниво. – Витална е помошта за цивилните напори, вклучително преку теренски болници, транспорт, обезбедување на граничните премини, утре кога ќе се состанат министрите ќе ги разгледаме начините на координација користејќи ги воените капацитети на НАТО, додаде Столтенберг.
– Ќе разгледуваме како да ги искористиме воените капацитетите и структурата на НАТО, за да ја зголемиме и забрзаме нашата поддршка на националните одговори на Ковид-19, бидејќи сите заедно сме во оваа криза и нашиот заеднички одговор ќе биде поефективен. Клучната задача на НАТО, безбедноста и одбрана на над милијарда луѓе во светот, мора да се сочува и мора да се осигураме дека оваа здравствена криза нема да прерасне во безбедносна криза, предупреди генералниот секретар.
Но, на состанок на ГАК, покрај за зајакнување на одговорот на земјите на НАТО во справување со кризата со Ковид-19, ќе се разговара и за основните операции и мисии на Алијансата, вклучително и за борбата против тероризмот, мировниот план за Авганистан и помошта за Украина и Грузија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи