Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта в понеделник ќе го посетат Киев по повод третата годишнина од целосната руска инвазија на Украина, јави ДПА.
Во објавата на социјалната мрежа Х во која го најави патувањето, Кошта напиша дека посетата „ќе ја потврди поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател (Володимир Зеленски)“.
Со напомена дека Зеленски е избран на демократски начин, Кошта му испраќа јасна порака на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера го нарече Зеленски „диктатор“ и рече дека нема демократски легитимитет, забележува ДПА.
Европската комисија претходно неделава објави дека Фон дер Лајен и европските комесари имаат намера да ја посетат Украина за годишнината, но во тоа време не беа објавени дополнителни детали.
Ново на Сител
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци