Џет-Сет
14. January 2018 - 18:23

Први заеднички фотографии во јавноста: Славната двојка конечно фатена заедно, актерката бегаше од папараците

Американската актерка и манекенка Дакота Џонсон и музичарот Крис Мартин конечно се фатени заедно.

Иако минатата година ја потврдија врската, популарната двојка се до сега не се појавуваше заедно во јавност. Имено, ќерката на актерите Дон Џонсон и Мелани Грифит и фронтменот на групата „Колдплеј“ се сликани на романтична вечера во Малибу.

-Дојдоа со автомобилот на Крис до ексклузивниот ресторан кој е резервиран само за ВИП членови. Кога ги здогледа фотоградите, актерката почна да го крие лицете, но беше залудно зошто сите веќе ги препознаа, вели извор кој бил во близина.

Ѕвездата на филмот „50 нијанси сиво“ со својот партнер уживаше во разговорот два часа, по што се упатија кон домот на Крис.

-Крис е до уши вљубен во Дакота. Постојано и ја испраќа својата музика зошто ја интересира нејзиното мислење. Ова не е само обична афера во низа, рече извор близок до пејачот.